Периодична публикација на Transparency International-Macedonia "АУДЕО бр.3"
21.02.2012 Пред Вас се наоѓа третото издание на електронската публикација „АУДЕО“. Содржината на овој број е посветена на односот на Република Македонија кон интересите на монополите, а евидентно и спротивно на уставните определби, преку грбот на граѓаните и спротивно на нивните интереси.
Неодамна започна разврската на аферата „Телеком“ со која според она на што се согласил Маѓар Телеком во САД, од 2005 до 2007 година бил продолжен монополот на Маѓар Телеком со согласност од функционери во Владата на Република Македонија. Анализата и
заклучоците до кои дојде ТИ–Македонија за постапките на релевантните органи во САД и Република Македонија се пред Вас. Наодите од анализа на обемот и начинот на покриеност на оваа тема во медиумите од аспект на истражувачкото новинарство се исто така составен дел на ова издание.
Дополнително, дека монополите посегаат по најосновните потреби на граѓаните, здравјето и комуникацијата, зборува и позицијата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) која допрва ќе се димензионира со промените во здравствената легислатива.
Периодична публикација на Transparency International-Macedonia "АУДЕО бр.2"
17.11.2011 Пред Вас е вториот број на нашата периодична публикација “АУДЕО“. Содржината, помеѓу другото, ги опфаќа и случаите: „Објавени списоци“ и „Апсење на Љубе Бошковски“, но и такви кои се однесуваат на „обичниот“ човек како „Напушти го својот стан“. Во овој број ќе ја најдете и анализата за проектот „Скопје 2014“ како и конечниот исход по Иницијативата на ТИ-М пред Уставниот Суд на Република Македонија во врска со финансирањето на политичките партии. Публикацијата останува во електронски формат, и понатаму лесно достапна за секој. Transparency International-Macedonia ги охрабрува сите оние кои имаат, или сметаат дека имаат сознанија за корупција или со неа поврзани активности да и се спротивстават решително. Публикацијата и понатаму останува отворена за сите кои сакаат да се приклучат и да ги поддржат напорите за отстранување на ова зло.
Периодична публикација на Transparency International-Macedonia "АУДЕО"
26.08.2011 Почитувани, Ни причинува големо задоволство да Ви го проследиме првиот број на периодичната публикација “АУДЕО“.
Публикацијата ќе биде во електронски формат, па така лесно достапно за сите. Audeo е латински збор кој значи да се осмелиш храбро. Со тоа Transparency International-Macedonia им возвраќа на граѓаните кои пријавуваат корупција и со неа поврзани активности.
Истовремено ги повикува сите да се приклучат и да ги поддржат напорите за отстранување на ова зло. Сакаме да бидеме отворени и затоа ги очекуваме Вашите мислења, коментари и текстови со анализи кои Вие самите сте ги направиле, а кои се однесуваат за постапки поврзани со настани за кои сметате дека сериозно го загрозуваат владеењето на правото.