23.11.2020 Во рамките на проектот “Промовирање на заеднички вредности низ Европа“, Транспаренси Интернешнл- Македонија, објавува конкурс за најдобра фотографија. Повикот е отворен за сите заинтересирани лица. Основната цел на проектот е да се промовираат европските вредности како што се владеењето на правото, демократија, транспарентност, слобода на медиумите еднаквост и солидарност помеѓу Истoчно- европски земји и кандидатските земји. Дополнително на тоа проектот ќе се обиде да ја поттикне вклученоста на граѓаните и нивно вклучување во демократските процеси на локално, национално и меѓународно ниво.
Видео снимка од настанот „Промовирање на заеднички вредности низ Европа“
21.10.2020 Во прилог ја споделуваме со вас видео снимката од денешниот онлајн настан на тема „Промовирање на заеднички вредности низ Европа“ каде што можете да ги слушнете обраќањата на панелистите д-р Слаѓана Тасева, г-динот Никола Димитров, Заменик-претседател на Владата за европски прашања, Амбасадорката на Германија во Р.С. Македонија Н.Е Анке Холштајн, и Амбасадорот на ЕУ Делегацијата во Р.С. Македонија Н.Е Давид Геер.
Покана за онлајн настан - Промоција на заеднички вредности низ Европа
Проект: Промоција на заеднички вредности низ Европа
Имплементиран од: Транпаренси Интернешнл- Македонија, Транспаренси Интернешнл- Унгарија, Асоцијација Експертски Форум од Романија и Косовскиот Демократски Институт
Кратки информации за проектот
Основната цел на проектот е да се промовираат европските вредности како што се владеењето на правото, демократија, транспарентност, слобода на медиумите еднаквост и солидарност помеѓу Истoчно-европски земји и кандидатските земји. Дополнително на тоа проектот ќе се обиде да ја поттикне вклученоста на граѓаните и нивно вклучување во демократските процеси на локално, национално и меѓународно ниво.
Во рамките на проектот, Транспаренси Интернешнл- Македонија организира:
Промотивен настан, 21 октомври 2020 година
Овој настан има за цел цел да ги запознае учесниците со целите и активностите на проектот и промовирање на европските вредности.