Правобранител крадел предмети и доделувал земјиште

sudskopje 07.03.2007 Миодраг Стевановиќ, поранешниот заменик-јавен правобранител, украл три предмети за денационализација од своите колеги и доделил атрактивно државно земјиште од 12.000 квадратни метри во Аеродром на пет скопјани, утврдило МВР во предистражната постапка.

Заменик-јавниот правобранител Стевановиќ и архиварката Љубица Минчоровска од завчера се во истражниот затвор Шуто Оризари, откако им беше изречена мерка притвор од 30 дена. Стевановиќ се товари за злоупотреба на службената положба, а Минчоровска за помагање. Истиот заменик-правобранител ги бранеше интересите на државата во случаите „Бачило“ и „УПА Ентерпрајс“, каде што државата загуби околу два милиони евра. 

Ќе се кастрат 2.200 прописи?

 07.03.2007 Проектот Регулаторна гилотина со кој треба да се намали бројот на административни прописи се одвива одлично. Од почетокот на неговото спроведување досега се собрани 2.200 прописи што допрва ќе се ревидираат. Ова било заедничката оценка од вчерашната средба на вицепремиерот Зоран Ставрески и Марго Томасима, која го предводи Советодавното тело за странски инвестиции при…

Социјалните станови во Дебар доделени на богатите

06.03.2007 Невиден скандал е она што го направи соодветната комисија за распределба на социјалните станови при Министерството за транспорт и врски. Наместо на оние за кои се наменети, тие се дадени на началници, директори, инспектори, лица кои веќе имаат станови, нивните родители имаат трикатни куќи, па дури и на дебарчани кои работат во Скопје, обвини градоначалникот на Дебар, Аргетим Фида, на средба со новинарите. Според него, постојат непобитни докази дека оние кои добиле стан се послужиле со измама, трансферирајќи ги куќите или становите на име на нивните родители за да докажат дека немаат покрив над главата. 

„Каква е оваа правда“, со солзи во очите вели Абедин Дани, кој откако пред повеќе од две години до темел ја загуби куќата од лизгање на земјиштето во населбата Ваков, сега со старата болна мајка, сопругата и со трите малолетни деца живее кај пријател, кој му отстапува соба на кратко време. „Зошто не дојде некој од комисијата да ја види реалната состојба. На улица сум, тежок социјален случај, ако најдам работа – ќе однесам дома нешто за децата, ако не – тогаш, кажете ми, како да живеам со две илјади денари социјална помош. Ќе одиме и кај претседателот Црвенковски и кај премиерот Груевски, нека знаат како им работи администрацијата“, додава тој.