Објавени имотните листи на македонските функционери

 dksknatpis

30.07.2007 Имотните листи на државните раководители и носителите на други јавни функции во Македонија денеска за прв пат јавно ги објави Државната комисија за спречување на корупцијата.

На официјалниот веб сајт на Антикорупциската комисија се објавени податоци за имотите на шефот на државата Бранко Црвенковски, претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, премиерот Никола Груевски, како и на министрите и на пратениците.

На предолгите процеси не може да им се „суди“

sudstvo

30.07.2007  Граѓаните не можат да се заштитат од предолгите судски процеси, иако со новиот закон за судови им е дадено тоа право да го остваруваат во Македонија наместо, како досега, само пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Дваесетина граѓани од почетокот на годинава, кога законот стапи во сила, поднесле барања за заштита на правото на судење во разумен рок, но Врховниот суд не ги решава оти нема како.

– Во законот има недоречености и без да биде изменет не може да се спроведе ефикасно. Ова е еден од важните правни проблеми што мора да ги решиме за да се приближиме кон европското законодавство. Ставени сме во ситуација да имаме надлежности, а да не може да ги решаваме барањата на граѓаните за заштита на ова право. Донесовме правно мислење за проблемот и го известивме Министерството за правда дека се неопходни измени на законот – вели Дане Илиев, претседател на Врховниот суд.