Компјутери ќе го одредуваат судијата

sudstvo

24.10.2007 Компјутерски ќе се „решава“ кој судија ќе суди некој случај, ако Собранието го усвои предлогот на законот за судска служба што го подготви Министерството за правда. Со овој закон судската администрација се издвојува од државната, а се уредува прашањето на платите на судските службеници, што беше причина за нивниот штрајк во мај годинава. Во Синдикатот велат дека законот не ја подобрува состојбите со платите.

 
– Со менување на статусот на судската администрација и воведување на информатичка технологија се подобруваат условите за работа што заедно со одлуката на Владата за зголемување на платите на администрацијата, сме на добар пат да добиеме ажурна, ефикасна и транспарентна судска администрација, како логистика на судиите и нивното независно и самостојно одлучување – вели Димитар Ѓеорѓиевски, директор на Државниот управен инспекторат во Министерството за правда.