Ставрески – ЕК ги прифати промените во енергетиката

energetika 24.01.2008 Претставниците на Европската комисија ги прифатиле предложените измени и дополнувања на Законот за енергетика, рече по разговорите во Брисел вицепремиерот Зоран Ставревски.

„Најзначајно е тоа што постигнавме договор околу тоа дека измените се во вистинска насока, дека динамиката на либерализацијата на енергетскиот сектор е соодветна на можностите на Република Македонија“ , изјави Ставревски во Брисел, јави Телевизија Алсат-М.

 
 

Номинација на TI – Пакистан во бордот на директори на Синдската агенција за јавни набавки

ti
24.01.2008 Согласно со известувањето , Владата на Синд го номинираше претставникот на Пакистанскиот Transparency International како член на бордот на Синдската Агенција за јавни набавки.  Синдската Агенција за јавни набавки презема мерки и употребува онолку енергија колку што е потребно за подобрување на управата, менаџментот, транспарентноста, одговорноста и квалитетот на јавните набавки на стоки, услуги и работни простори во јавниот сектор, мониторинг на имплементацијата и оценување на законите, правила, прописи, полиси и процедури за надгледување на квалитетот на стоките, служи, работи и препорачува реформулации и ревизии кои што се неопходни.
 
 

Владата ги брани измените во енергетскиот сектор

  energetika
 
24.01.2008 Mакедонска владина делегација денеска во Брисел на состанок со претставници на Европската комисија (ЕК) треба да ги образложи измените на законот за енергетика.

Делегацијата ја предводи вицепремиерот Зоран Ставрески, а во неа се вклучени претставници од Комисијата за заштита на конкурентноста, Регулаторната комисија, министерството за економија, како и претставници на компаниите ЕЛЕМ и МЕПСО.