УЈП наградувала вработени во изборна кампања

election2006 02.04.2008 Управата за јавни приходи исплатувала награди во пари за дел од вработените од Регионалната дирекција во Скопје и Битола во тек на изборна кампања, констатирал Државниот завод за ревизија во извештајот за 2006 година. Станува збор за 1,6 милион денари, од кои 899.000 денари биле исплатени во тек на изборна кампања. ДЗР предупредува дека тоа е спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупцијата каде што е пропишана забрана за вршење какви било вонредни исплати на плати, пензии, помош…

 

Студентите во лов на корумпирани професори

bribe 01.04.2008 Сојузот на студентите ќе подели 10.000 летоци по факултетите и по студентските домови за да ги поттикне студентите да пријавуваат случаи на корупција во високото образование на специјалниот телефонски број 32 21 350, кој го отвори неодамна. – Засега немаме добиено пријави за корупција зашто студентите се уште не се доволно информирани за овој број. Подготвивме промотивна кампања за да ги информираме студентите каде може да ги пријават случаите на корупција – изјави Самоил Малчески, претседател на ССУКМ. Исто таков телефонски број отвори претходно и Министерството за образование, но без резултат. На овој број долго време никој не одговараше и не беше пријавен ниту еден случај.

 

Владата го пролонгира рокот на „Чебрен“ и „Галиште“ за еден месец

hidrocentrala 29.03.2008 Владата го одложи рокот за доставување на финансиските понудите за ХЕ „Чебрен“ и „Галиште“. Наместо до вчера, како што беше најавено, компаниите кои влегоа во тесниот круг за добивање на тендерот за изградба на двете хидроелектрани, ќе можат да ги претстават своите понуди за финансирање уште еден месец, односно до 30 април, најдоцна до 10 часот, по што ќе следува нивно отворање.

Оваа одлука Владата ја донесе завчера, на вонредна седница во доцните попладневни часови. Тоа е направено по барање на дел од квалификуваните понудувачи, се вели во официјалното соопштение на Владата, а во насока за поголема транспарентност на целата постапка и подобар квалитет на изготвувањето на понудите.

 

Опаѓа довербата во сите институции, спласнува оптимизмот кај народот

undplogo 29.03.2008 Опаѓа довербата во сите институции во државата, а спласнува и оптимизмот на граѓаните. Најголема е недовербата во парламентот, претседателот на државата и Владата. Заканата е засилена со намалената доверба во политичките партии, како и помалата доверба во судството, армијата и полицијата, локалната самоуправа и банките. Ова се само некои од перцепциите за политичката ситуација во Македонија што можат да се извлечат како заклучоци од извештајот „Граѓански засновани анализи“ подготвен од БРИМА Галуп за потребите на УНДП, а презентирани вчера во Скопје. До овие сознанија е дојдено со теренска анкета, при што во периодот од 8 до 17 декември 2007 година биле интервјуирани 1.309 лица.