Информација за следење на постапката на тендерот за изградба на ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште

logo_eng_jpg 30.04.2008 Денес, на 30.04.2008 година, со почеток во 11 часот, во просториите на Министерството за Економија се спроведе постапката за отворање на понудите за тендерот за изградба на ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште на Црна Река. Според проценките направени во рамки на студијата на генерални инвестиции ( General investment study) изработена во рамки на CARDS програмата во 2004 година, проценките за вредноста на изградба на овие капитални објекти се 159 милиони евра за Чебрен и 200 милиони евра за Галиште, што ја прави оваа инвестициона зделка поголема од онаа за продажбата на ЕСМ. Покрај ова, учесникот на тендерот ќе ја добие и ХЕЦ Тиквеш која се проценува на 1.4 милиони евра, а произведува струја од 200 ггвч.

 

Фридом Хаус: Намалена слободата на медиумите во Македонија

freedomhouse 30.04.2008 Слободата на медиумите во Македонија е намалена во 2007 година оценува во годишниот извештај американската невладина организација „Фридом Хаус“, рангирајќи ја земјата на 100. место. Медиумите се послободни во: Словенија (46), Бугарија (76), Хрватска (78), Црна Гора (81), Србија (84), Романија (94) и Босна и Херцеговина (97). Од земјите во регионот Македонија, според слободата на медиумите е подобро рангирана само од Албанија (105).

Македонија во извештајот на „Фридом Хаус“ има 47 бодови и е во категорија на држави со „делумно слободни” медиуми. Една година претходно Македонија беше на 98. место со 45 бода. Рангирањето во истражувањето е во распон од 0 (нула) – најслободни до 100 – најмалку слободни.