Барометар на корупција за месец април 2009 г.

bistromatno 10.05.2009 Опасноста Македонија да заврши на меѓународен суд и евентуално да биде принудена да плати милионска отштета, поради тужбата што ја најави австриски ЕВН, е најматен настан во април.Овој случај доби 11 гласа во анкетата „Бистро – Матно” на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција”, во која учествуваа 17 главни уредници на печатени и електронски медиуми во Македонија.