ЕУ – Македонија напредува, реформите да продолжат

eu-maced 19.06.2009 Македонската Влада треба да продолжи со целосно исполнување на одредниците поврзани со отворањето на пристапните преговори, пред следниот Извештај за напредокот на земјата.

Ова е заклучокот од шестиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација (КСА) меѓу Македонија и Европската унија (ЕУ), што денеска заврши во Брисел.

На дводневниот состанок, како што е соопштено во Скопје, била направена ревизија на сработеното во исполнувањето на политичките и економските критериуми, како и напредокот на Македонија во врска со нејзиното усогласување со европското право.