Повик за учество на избор на компанија со добро корпоративно управување 2010 г.

09.11.2010 Невладината организација "Транспарентност – Нулта корупција" во соработка со Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, во рамки на активностите за имплементација на Декларацијата Нула толеранција за корупцијата тимот на експерти составен од претставници на стопанските комори, јавниот сектор, универзитетски професори и претставници на медиумите и невладиниот сектор, изготвија листа на критериуми врз основа на кои ќе се врши евалуација на компаниите.