Претседателката на Транспарентност Нулта Корупција личност на годината по избор на А1 ТВ

Претседателката на Транспарентност Нулта корупција и универзитетскиот професор Д-р Слаѓана Тасева по избор на А1 ТВ е избрана помеѓу личностите што оставиле печат со својата работа и со своите изјави

 

 Уредниците на А1 телевизија направија избор од 14 личности : "Ова се луѓето кои се борци за слобода и демократија, за подобра Македонија. Ова се нивните проекции за 2011".


 Како и секоја друга година во Македонија, 2010 помина бурно и на моменти со експлозивни политички настани и изјави. Многу личности продефилираа на јавната сцена, кажаа убави и лоши нешта и си обезбедија место во меморијата на македонскиот граѓанин. Изборот на А1 ТВ падна на неколкумина ликови чии јавни настапи, изјави, укажувања, толкувања или постапки го привлекоа вниманието на јавноста и предизвикаа жестоки политички и експертски дебати.

 А1 телевизија е најгледана приватна телевизија во Република Македонија.