Имиња на наши функционери во новите докази за Телеком

 magyar_telekom.jpg21.02.2013 Транспаренси интернешнел – Македонија"  вчера до јавниот обвинител Мар-ко Зврлевски испрати нови документи од судскиот процес против „Маѓар телеком" во САД, во чија документацијата се наоѓаат имиња на високи македонски функционери од периодот меѓу 2005 и 2006 година. Станува збор за докази кои ги доставиле токму обвинетите Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи на 19 декември минатата година и тие сега се достапни на Интернет.

Тројцата беа челници во „Маѓар телеком" во периодот кога, според Американската комисија за хартии од вредност, телекомуникациската компанија ги поткупила македонските функционери со околу 5 милиони евра, со што наводно се одложило воведувањето на третиот мобилен оператор и воведувањето на повисоки давачки за операторите. Штрауб, Балог и Морваи со декемвриската претставка барале судот во Њујорк да се прогласи за ненадлежен во нивниот спор.