Реакција: Комисијата за пристап до информации го прогласи ТИ Македонија за противдржавен елемент

Утврдувајќи дека „Министерството за правда во врска со наведениот предмет правилно ја утврдило фактичката состојба и правилно ги применило одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“ врз основа на образложението дека „сликата што би се создала од погрешното разбирање на ситуацијата доколку се овозможи пристап до податоците во оваа фаза, може да предизвика поголема штета за Република Македонија отколку ако тие останат недостапни за барателот и јавноста.“ (цитат од Решението) Комисијата го прифатила ставот на Министерството за правда дека работењето на Транспаренси Интернешнел е штетно за државата.

Не е јасно како Комисијата утврди дека постои правилно утврдена фактичка состојба, кога образложението не содржи ништо друго освен воздржаност од „сликата“ што би се создала (претпоставен негативен став), за нешто кое е по значајно за граѓаните на Република Македонија од „сликата“ која треба да ја прифатат (исклучителен и некритички позитивен став).

Нов закон за кривична постапка- шанса за интегритет на судиите

Проф. Гордан Калајџиев и Проф. Богданчо Гогов: За новиот закон за кривична постапка, со кој се имплементира модерниот концепт за човековите права. Со тоа се става крај на судирот на интереси на судиите кои се рака под рака со обвинителството, но и на истражниот монопол на полицијата