Новинарите на 24 Вести и на Канал 77 унапредуваа дел од професионалните вештини

ws31052014.jpg 03.06.2014 Унапредување на некои од вештините на новинарите и уредниците на телевизијата 24 Вести и на Радио мрежата Канал 77, беше главна цел на работилниците што се одржаа за време на викендот на 31.05 и на 01.06 2014.
Работилниците во организација на Транспаренси Интернешнл Македонија се во рамките на проектот Поддршка на независни медиуми во Република Македонија, што се спроведува заедно со британската невладина организација ЕРИС, а е финансиски поддржан од Европската Унија.
Со дел од новинарите и уредниците од  24 Вести, нашите експерти Марина Тунева од Скопје и Мартин Хакерби од Лондон разговараа и работеа на теми како што се одбирање на вистински агол при известување од настан или при соопштение од официјален извор, потоа на техники на убаво пишување, како и разработка на хипотетички сценарија за тв сторија, при што посебен осврт се даде на употребата на сликата, односно видео инстертирањето и покривање на текстот. Еден дел од работилницата беше посветен и на анализа на главната информативна емисија на ТВ 24 вести, при што се анализираше генерално содржината на вестите, но и во детали, еден од прилозите што биле емитувани.