Сведоштва за манипулации при исплата на годишниот регрес

 wb_logo.jpg
 
30.01.2015 Кога пред неколку месеци, вработени од една приватна компанија во сопственост на странски инвеститор, штрајкуваа и јавно се пожалија дека работодавецот не им ги исполнил ветувањата и им давал мали плати, со оправдување се јавија од менаџментот на компанијата. Кратко и јасно порачаа: „Дојдовме во Македонија да остваруваме профит“.
Сѐ беше кажано. Штрајкот експресно заврши, 19 вработени добија отказ, бидејќи се осмелиле и го кренале гласот, а другите и понатаму си продолжија да работат за 170 евра месечно.
Згора на сѐ, работодавците гордо се пофалија дека своите вработени ги плаќале повеќе од минималната плата во Македонија, и тоа дури за 20 евра! Значи, биле исклучително „дарежливи“!
А дарежливоста од државата, како да ја заборавија. Ослободени се од данок на добивка и од данок на додадена вредност во период од десет години. Добиваат помош за изградба на инфраструктура, поддршка за обука и усовршување на вработените, како и покривање на дел од трошоците за плати и придонеси.