Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификуван кандидат кој ќе работи во канцеларијата во Скопје за следново работно место:
- Асистент на проект/лице одговорно за социјални медиуми и веб страни
Опис на работа:
– Поддршка на проектниот координатор во спроведување на проектни активности
– Комуникација со проектниот тим и надворешни лица
– Учество во следење и спроведување на проектните активности
– Логистичка поддршка при организација на настани, обуки и тренинзи
– Подготовка на проектни планови и извештаи
– Прибирање, внесување и сортирање на податоци
-Учество во следење и спроведување на проектните активности
– Ажурирање на веб страни и социјални медиуми
– Архивирање на писма и документи за комуникација
– Собирање и обработка на податоци за целите на проектот
– Изготвување на инфографици
-Поддршка во подготовка на извештаи,реакции и соопштенија
– Врши и други работни задачи поврзани со работата на ТИ-М.
Кандидатите покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:
– Завршено високо образование
– Напредно познање и користење на пакетот Microsoft Office
– Одлично познавање и употреба на деловен англискиот јазик (говорен и пишан)
– Развиени аналитички и комуникациски способности, посветеност,вештини за организирање, капацитет за тимска и независна работа.
Предност имаат кандидатите кои имаат претходно искуство во граѓански организации.
Работно време
Работната недела е составена од 5 работни дена со вкупно 40 работни часа, од понеделник до петок, од 8 до 16 часот.
Договор за вработување
Со избраните кандидати/ки ТИ Македонија ќе склучи договор за пробна работа во траење од три месеци со можност за продолжување. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени согласно Законот за работни обврски и внатрешните акти на организацијата.
Рок и потребни документи за аплизирање
Заинтересираните кандидати потребно е најдоцна до 27 ноември 2024 година да достават:
– детална биографија (CV) со контакт лица за препорака
– писмо за мотивација
При доставување на апликациите да се наведе работната позиција за која се аплицира. Кандидатите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор.
Апликациите можат да се достават по електронска пошта job@transparency.mk или по пошта на адреса: Транспаренси Интернешнл –Македонија , ул. Наум Наумовски Борче бр. 58, ПФ 270. 1000 Скопје
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ_АСИСТЕНТ_2024