Реакција: Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара да се врати во функција порталот „Отворени финансии“

Платформата на граѓански организации за борба против корупција остро го осудува оневозможениот пристап на јавноста до информациите од…

Baner_web_WB
ТИ Македонија –

Транспаренси Интернешнл Македонија е формирана во 2006 година и е членка на глобалната коалиција за борба против корупцијата Транспаренси Интернешнл којашто е распространета во повеќе од 100 земји во светот.

Визијата на Транспаренси Интернешнл Македонија e искоренување на корупцијата од македонското општество и воспоставување на систем на владеење на правото и општество во кое граѓаните и институциите се спротивставуваат на корупцијата и на незаконските политики.

Мисијата на Транспаренси Интернешнл Македонија е насочена кон aнализа на националната легислатива, компаративна анализа и препораки за подобрување на законската рамка, детектирање на ранливости во законите и правната рамка коишто потенцијално овозможуваат корупција, анализа на системот на национален интегритет на Република Северна Македонија преку анализа на анти-корупциските столбови, соработка со клучни засегнати страни (државни институции, граѓански сектор, бизнис заедницата, медиумите, граѓаните).

Транспаренси Интернешнл Македонија активно соработува и е вклучена во многубројни мрежи на национално и меѓународно ниво. Членка е на Платформата на граѓански организации во борба против корупцијата, Коалицијата за заштита на укажувачи на Југоисточна Европа (https://see-whistleblowing.org/) , и UNCAC (Коалицијата на Обединетите Нации за борба против корупцијата, https://uncaccoalition.org/)

Пријави корупцијаДонирај

Проекти

Донатори

Сите пријави се доверливи

Пријави корупција