Вести

ИПК 2023 за Источна Европа и Централна Азија: Автократијата и слабите правосудни системи овозможуваат широко распространета корупција

Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) дава вознемирувачка слика за Источна Европа и Централна Азија, регион кој се бори со нефункционално владеење на правото, зголемен авторитаризам и системска корупција. Просечниот резултат за Источна Европа и Централна Азија е 35, од вкупно 100, со што е втор регион со најнизок резултат во светот. Големото демократско назадување…

Прочитај повеќе
Вести

Прес-конференција: резултати Индекс на перцепција на корупцијата (ИПК) 2023

Почитувани, Транспаренси Интернешнл – Македонија Ве поканува на хибридна прес-конференција на 30.01.2024 (вторник) со почеток во 11:00 часот на која ќе ги презентира наодите од Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2023 година. На прес конференцијата претседателот на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Благоја Пандовски ќе информира за конечниот резултат; за методологијата на основа на…

Прочитај повеќе
Вести

ИПК 2022 ЗА ИСТОЧНА ЕВРОПА И ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА: ПОРАСТОТ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ РИЗИЦИ И АВТОРИТАРИЗАМОТ СЕ ЗАКАНА ЗА НАПРЕДОКОТ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

Просечниот резултат за Источна Европа и Централна Азија е 35 – помалку од глобалниот просек од 43. Иако подобрувањата во многу држави даваат надеж, регионот има долг пат за да се спротивстави на корупцијата. Низ Источна Европа и Централна Азија, 2022 покажа како високата корупција е тесно поврзана со политичката нестабилност, слабите институции и –…

Прочитај повеќе
Вести

ИПК 2022 година – прес конференција

Почитувани, Транспаренси Интернешнл – Македонија Ве поканува на онлајн прес-конференција на 31.01.2023 (вторник) со почеток во 12:00 часот на која ќе ги презентира наодите од Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2022 година. На прес конференцијата претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија Слаѓана Тасева ќе информира за конечниот резултат; за методологијата на основа на…

Прочитај повеќе
Вести

Индекс на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2021 година | Македонија ја подобрува својата позиција во борбата против корупцијата

Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2021 открива декада на стагнирачки нивоа на корупција меѓу злоупотребата на човековите права и пад на демократијата Македонија ја подобрува својата позиција во борбата против корупцијата   27 земји со историски најнизок резултат Објавениот ИПК за 2021 од страна на Транспаренси Интернешнл ни покажува дека корупциските нивоа се…

Прочитај повеќе
Вести

Индекс на перцепција на корупција (ИПК) 2021 година

Транспаренси Интернешнл – Македонија Ве поканува на прес-конференција на 25.01.2022 (вторник) со почеток во 10:00 часот на која ќе ги презентира наодите од Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2021 година. На прес конференцијата претседателката на Транспаренси Интернешнел Др. Слаѓана Тасева ќе информира за конечниот резултат; за методологијата на основа на која е формиран…

Прочитај повеќе
Вести

Индекс на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2020 година

Според Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2020 година Р.С Македонија оди наназад и надолу во борбата против корупцијата Индексот за перцепција на корупцијата (ИПК) за 2020 година објавен од Транспаренси Интернешнл открива дека корупцијата допринесува за уназадување на демократијата и влошување на состојбата со здравствените системи поради пандемијата предизвикана од COVID-19. Државите кои…

Прочитај повеќе

ИПК за за 2019 година покажува стагнирање на анти-корупциските напори во Г-7 државите

cpi-2019_map.jpg
 
Анализата открива дека корупцијата е повеќе распространета во државите каде што парите влијаат на политичката моќ 

Берлин, 23 јануари 2020 – Повеќе од две-третини од државите – заедно со повеќето од напредните светски економии – стагнираат или покажуваат знаци на уназадување во нивните анти-корупциски напори, според Индексот на перцепција на корупцијата за 2019 година (ИПК) објавен денес од Транспаренси Интернешнл. 

Државите каде што изборите и финансирањето на политичките партии се подложни на влијанија на различни интереси се помалку способни да се борат против корупцијата, покажуваат резултатите од анализата. 

„Фрустрациите поради корупција во владата и немање доверба во институциите зборува за потребата за поголем политички интегритет“, изјави Делиа Фереира Рубио, претседателка на Транспаренси Интернешнл. „Владите мора итно да се справат со улогата којашто коруптивната улога на парите во финансирањето на политичките партии и влијанието коешто го имаат во нашите политички системи.“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Прочитај повеќе

ИПК во 2018 година покажува дека анти-корупциските напори се забавени во повеќето држави

cpi_2018.jpg
 
Анализата открива дека корупцијата придонесува за глобална криза на демократијата
 
Берлин, 29 јануари 2019 – Индексот за перцепција на корупцијата во 2018 година, објавен денеска од Транспаренси Интернешнл, открива дека континуираниот неуспех на повеќето држави за значително да ја контролираат корупцијата придонесува за криза на демократијата во светот. 
"Со многу демократски институции под закана низ целиот свет – често од страна на лидери со авторитарни или популистички тенденции – треба да направиме повеќе за да го зајакнеме системот на проверки и рамнотежа и да ги заштитиме правата на граѓаните", изјави Патриша Мореира, генерален директор на Транспаренси Интернешнл. "Корупцијата jа оневозможува демократијата, создава маѓепсан круг каде што корупцијата ги поткопува демократските институции и, за возврат, слабите институции се помалку способни да ја контролираат корупцијата".
 
 
 
 
 
 
 
 
Прочитај повеќе

ИПК во 2017 година покажува висок корупциски товар во повеќе од две третини од земјите

cpi_2017.png
 
22.02.2018 Индексот објавен денеска од страна на Трансперенси интернешнал, која годинава ја одбележува својата 25-годишнина, открива некои вознемирувачки информации – и покрај обидите за борба против корупцијата низ целиот свет, повеќето земји се движат премногу бавно во нивните напори. И покрај тоа што за превземање на мерки против корупцијата е потребно време, во последните шест години многу земји сè уште не постигнаа никаков напредок. Уште по алармантно, понатамошната анализа на резултатите од индексите покажува дека земјите со најниска заштита на медиумите и невладините организации (НВО) исто така имаат тенденција да ги имаат најлошите стапки на корупција.
 
Изјава од Д-р Слаѓана Тасева – претседател на ТИ Македонија 
Проблемот со корупцијата и понатаму ескалира. Република Македонија уште еднаш забележа пад на ранг листата на Индексот за перцепција на корупцијата кој денеска го објави Транспаренси Интернешнел. Република Македонија со пад од 17 места, денес се наоѓа на најниското 107 место откако постои ИПК.
Резултатот покажува дека продолжува политиката заснована на клиентелизам и интереси, и власта продолжува да ги занемарува сите укажувања за ескалација на проблемот со корупцијата. Системот на заробена држава и понатаму опстојува и го оневозможува работењето на институциите задолжени за борба против корупцијата, пред се на Јавното обвинителство и службите за спроведување на законот, а Државната комисија за спречување на корупцијата и понатаму е немоќна да се справи со проблемите на судирот на интереси и контрола на имотната состојба на функционерите. Владата не успеа да го востанови долго најавуваниот принцип на индивидуална одговорност, а одговорните за корупција и натаму се заштитени и недопирливи.
На овој начин и понатаму опстојува систем во кој наспроти правото владеат интереси! 
Укажуваме дека овој систем мора да се замени со систем во кој ќе владее правото, а институциите ќе бидат професионални и ефикасни и ќе преземат сериозни мерки за справување со корупцијата како проблем од висок приоритет. Решавањето на проблемот со корупцијата треба да им се препушти на комптентни професионалци, а политиката да остане надвор од нивната работа.
Република Македонија сега го зазема најниското од било кога 107-мо место од вкупно 180 рангирани држави. Сите држави во регионот, претенденти за членство во ЕУ имаат подобар резултат. Тоа создава недоворба на граѓаните во капацитетите на државата и институциите. Недопирливоста на одговорните за корупција е секојдневие кое треба да се искорени, а ланецот на корумпираност во високите ешалони на сите власти да се прекине. Тоа е одговорност на Владата, на Собранието, на вработените во институциите и во судството. 
Тоа е одговорност и на граѓаните, кои ги охрабруваме да се спротистават и да ја оневозможат корупцијата. Во име на иднината на Република Македонија.  
 
 
 
 
 
 
 
 

Прочитај повеќе