Тасева бара независна и меѓународна комисија да го истражи криминалот во МВР

Случајот со фалсификуваните пасоши покажува дека најавениот ветинг во полицијата треба да се забрза, вели претседателката на „Транспаренси Интернешнл – Македонија“, Слаѓана Тасева Слободанка Јовановска Не да се наградуваат тие што ја спроведоа акцијата околу фалсификуваните патни исправи давани на криминалци, туку да се спроведе темелна истрага, јавноста да биде запозната со сите детали и…

Регионален проект: Борба против незаконските текови – „Како регулативите против перење пари се усогласуваат со заштитата на податоци“

Времетраење на проектот: 1 декември 2020 – 31 мај 2021 година Проектот Борба против незаконските текови – „Како регулативите против перење пари се усогласуваат со заштитата на податоци“ започна да се спроведува од 1 декември 2020 година и е прв регионален проект од овој тип спроведен помеѓу Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, и Косово. Целта…

Плановите за интегритет – како механизам за превенција и спречување на корупција во јавниот сектор

Автор: проф. д-р Ивана Шумановска-Спасовска Јакнењето на интегритетот на институциите е особено значајна тема како за процесот за реформи во јавната администрација, така и за спречување на корупцијата. Ова е тема која ги засега интересите на институциите, на вработените, на граѓаните, на приватниот сектор. Тема која е значајна за демократскиот, општествениот и економскиот развој на…

Транспарентност за COVID-19 вакцините

Транспаренси Интернешнл повикува на фер, транспарентен и правичен пристап до вакцини и третмани   Низ светот, државите се под голем притисок да обезбедат вакцини против COVID-19 за своите граѓани. Корупцијата претставува висок ризик до правичен пристап до вакцини и третмани против COVID-19. Недостигот на транспаретност за развојот, набавките, и дистрибуцијата на COVID-19 вакцините е закана…

Европските држави повикуваат за повеќе укажување за климатските промени

Анти-корупциските групи ги повикуваат парламентите да ги заштитат укажувачите: „Луѓето ја имаат најголемата моќ да ги обелоденат еколошките криминални дела“ Берлин / Вашингтон, ДЦ – Националните парламенти низ Европа треба да ги зајакнат и заштитат укажувачите коишто откриваат злосторства коишто се закана за климата, изјави коалицијата на анти-корупциските групи. Групите ги повикаа надлежните да ги…

zaednicki_vrednosti.png

Конкурс за фотографија

Во рамките на проектот “Промовирање на заеднички вредности низ Европа“, Транспаренси Интернешнл- Македонија, објавува конкурс за најдобра фотографија. Повикот е отворен за сите заинтересирани лица. Основната цел на проектот е да се промовираат европските вредности како што се владеењето на правото, демократија, транспарентност, слобода на медиумите еднаквост и солидарност помеѓу Истoчно- европски земји и кандидатските земји. Дополнително на тоа проектот ќе се обиде да ја поттикне вклученоста на граѓаните  и нивно вклучување во демократските процеси на локално, национално и меѓународно ниво.

Поважно е да си „добар“ со директорот отколку на конкурсот

Второрангирана кандидатка на оглас за вработување за медицинска сестра на една од скопските клиники сепак не била ангажирана, додека, пак, пријавените кои се нашле на третата и на четвртата позиција почнале со работа.

Антикорупциската комисија ја отфрлила жалбата на кандидатката, со образложение дека директорите го искористуваат дискрециското право при вработување што им е овозможено во Законот за здравствена заштита. Прекршување на законските норми не пронашол ниту Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Залагања за корупција и антикорупција на Западен Балкан

Корупцијата е еден од главните предизвици за владеењето на правото, животните шанси и егзистенцијата на луѓето во Западен Балкан. Тоа е истовремено причина и последица на криминалната култура што се провлекува низ регионот, и начинот на кој корупцијата е поврзана со политиката сугерира одреден степен на организирана корупција, па дури и елементи на заробена држава, во голем број земји во регионот.

На Западен Балкан има малку истражувања за корупција и организиран криминал, и во академските институции на оваа тема. Регионално, постои и ограничен ангажман од граѓанското општество на тема корупција. Многу иницијативи, вклучително и овој извештај, се потпираат на надворешна поддршка.

Видео снимка од настанот „Промовирање на заеднички вредности низ Европа“

Во прилог ја споделуваме со вас видео снимката од денешниот онлајн настан на тема „Промовирање на заеднички вредности низ Европа“ каде што можете да ги слушнете обраќањата на панелистите д-р Слаѓана Тасева, г-динот Никола Димитров, Заменик-претседател на Владата за европски прашања, Амбасадорката на Германија во Р.С. Македонија Н.Е Анке Холштајн, и Амбасадорот на ЕУ Делегацијата во Р.С. Македонија Н.Е Давид Геер.

Намалените казни за откривање на „свиркачите“ ќе го зголемат молкот?

Со намалени казни се овозможува и понатаму да не функционира системот, бидејќи полесно ќе биде да се платат казните, отколку да се расчисти состојбата, односно да се сносат последиците ако станува збор за незаконити дејства.

Вака го коментираат експерти новиот Предлог-закон за изменување на Законот за заштита на укажувачи, кој е во собраниска процедура.