Главна цел на проектот е

да ги мобилизира граѓаните во антикорупциските напори преку институционална соработка. Преку оваа цел граѓаните се запознаваат и ги ползуваат своите права, што пак позитивно влијае за зајакнување на капацитетите на државните институции. Овој центар е дефиниран да ги третира исклучиво случаите врзани со корупција, што го прави единствен од ваква природа.

Подржано од Република Македонија ВЛАДА НА РМ

Буџет : 245.000 денари
null

За проектот

Оттука, им се овозможува лесна достапност на граѓаните до сопствените права. Конкретно ќе се даваат насоки како да ја осигураат жалбената постапка во случаи на злоупотреба на јавните фондови или пак, во институциите каде што граѓаните се жртви на корупција. Преку конкретните случаи ќе се отвори дијалог со надлежните институции каде што ќе се бара поддршка за етаблирање на соодветните механизми за поплаките од граѓаните.

Декларација „0“ толеранција за корупција

На 9ти декември 2005 година, светскиот ден на борбата против корупцијата, Декларацијата „0“ толеранција за корупцијата беше свечено потпишана. Со својот потпис се обврзаа Претседателот на РМ, Заменик Претседателот на Собранието на РМ, Претседателот и Потпреседателот на Владата на РМ, Претседателите на политичките партии во РМ, Претседателите на стопанските комори во РМ, претставници од граѓанскиот сектор и многу други претставници од јавниот и политичкиот живот, како и пртставниците од судството, обвинителството, Државната анти-корупциска комисија, ЗЕЛС, претставници од приватниот сектор, универзитетите и медиумите