Центрите за информации и правни совети (ALACs) на Transparency International во Југоисточна Европа е регионален проект на земјите Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Молдавија и Србија. Центрите се места каде жртвите и сведоците на корупција пријавуваат случаи на корупција и добиваат практични правни совети за овозможување да покренат официјална жалба до релевантните национални институции. Центрите покажаа дека граѓаните активно се вклучуваат во борбата против корупцијата кога е овозможен едноставен и веродостоен механизам да го направат тоа.