За проектот

Центрите за правни совети поврзани со корупција на Transparency International се канцеларии каде што жртвите и сведоците на корупција пријавуваат случаи и добиваат практични правни совети кој што им овозможуваат да поднесат официјални жалби до релевантните институции. Центарот за правни совети (ALAC) мотивира активно вклучување на граѓаните во борбата против корупцијата обезбедувајќи едноставни, веродостојни и одржливи механизми. Центарот нуди директна помош во форма на правна поддршка, но во исто време користи информации добиени од граѓаните и нивните поплаки за да ги идентификува слабостите во борбата против корупцијата во самиот систем и да се залага за реформи базирани на конкретни докази од жалбите на граѓаните. Овој Центар функционира како медијатор, овозможувајќи им на обичните граѓани да ги држат институциите одговорни, пренесувајќи ја нивната загриженост во системски промени.

Главна цел на проектот е да се:

  • подобри квалитетот на демократското управување преку овозможување на самите граѓани да учествуваат во борбата против корупција, ефективно да ги држат нивните влади одговорни и да придонесат во системските промени.
    Краткорочни цели на проектот се:
  • подржување на жртвите и сведоците на корупција да се справат со нивните поплаки, а со тоа да се држат институциите одговорни во имплементацијата на антикорупциските закони
  • зајакнување на способноста и подготвеноста на институциите да добиваат но и да постапуваат по жалби поврзани со корупција
  • носење системски подобрувања (правни, администравни и институционални) во борбата против корупцијата

Центар за правни совети поврзани со корупција (ALAC) има четири главни компоненти:

  • Телефонска линија или друг начин на комуникација со граѓаните: жртвите на корупција добиваат почетен совет за нивните права и доколку постои првично сомневање за корупција, клиентот се пренасочува на понатамошно правно советување.
  • Правен совет: на граѓаните им се помага да ги искажат, развијат, поднесат и проследат нивните жалби со помош на професионален правник кој што е вработен во Центарот.
  • Застапување: базирано на случаите кои се доставени до Центарот, застапувањето се прави така што се подига јавната свест за секторите и институциите за кои има најмногу жалби од страна на граѓаните, а со тоа се потенцира и привлекува вниманитето на специфични правни и институционални слабости, за потоа да се достават препораки за подобрување или спроведување на антикорупциските закони.
  • Градење капацитети: им се нуди поддршка на државните институции за зајакнување на нивните капацитети во процесирањето на жалбите.