KРИНИС е регионален проект на Transparency International кој има за цел да прави мониторинг на корупцијата во финансирањето на политичките кампањи, како и да ја зацврсти јавната доверба во демократските институции во Албанија, Хрватска, Косово, Македонија и Србија. Проектот има за цел поголема транспарентност и институционални промени преку вклучување на сите клучни засегнати страни и преку евалуација на практиките кои се спроведуваат при политичките финансирања.

КРИНИС овозможува испитување на различни димензии на транспарентност и одговорност во политичките финансирања, како на пример внатрешни извештаи на партии и кандидати, извештаи до агенциите задолжени за надзор, јавно обелоденување и слично.

Активностите на проектот за своја цел ги имаат клучните засегнати страни во врска со реформите на политичкото финансирање, вклучувајќи ги и политичките партии, приватниот сектор, институциите за надзор, медиумите и граѓанското општество. Корисници од проектот и крајна целна група се граѓаните на земјите кои го имплементираат проектот, а од причина што проектот се стреми кон засилување на одговорноста на националните политички системи кон електоратот.