Развој на Култура на законот наспроти корупцијата како општо прифатено однесување

Тркалезни маси и работилници ќе се организираат со цел да се процени и иницира развојот на конкретно добро управување и образовни програми за младите. Исто така, имајќи предвид дека законот за Територијана организација е усвоен во 2004 година, а процесот на децентрализација официјално започна во јуни 2005 година, постои потреба за дискусија околу постоечките стандарди за добро управување во локалните општини. Овие стандарди треба да бидат унифицирани и скроени на начин кој ќе овозможи воспоставување на ефикасен и транспарентен систем.

Дополнително тоа ќе овозможи развој на заедничка доверба помеѓу граѓаните и локалната администрација.

Центар за информации и правни совети (ALAC)

Центарот за информации и правни совети ќе функционира преку архивирање и набљудување на жалби на доверлив и професионален начин. Интернет страницата и библиотеката постојано ќе се ажурираат за да овозможат најдобра можна информираност за корисниците. Центарот исто така ќе одржува континуиран дијалог со владините агенции одговорни за истрага на корупција , обезбедувајќи повратни информации и помош за подобрување на процесуирање на жалбите.

Мониторинг на имплементацијата на анти- корупциски закони

За време на изминатите 3 години повеќе од 40 закони беа изменети или беа донесени нови. Недостигот од ефикасност за имплементација на донесените закони се препознава како главен фактор за недостигот на владеењето на правото и успехот во борбата против корупција.

Како дел од активностите предвидено експерт ќе биде задолжен за:

# Следење на индикаторите за ефикасност воспоставени во анти- корупциската програма;

# Мониторинг на извештаи и препораки.

Ќе биде формирана мониторинг група за евалуација на работата на независните институции, како што е Државната комисија за спрешување на корупција, Бирото за јавни набавки, Државниот завод за ревизија, Јавниот обвинител, и др. Ќе се врши секојдневен мониторинг со користење на отворени извори на информации како што се: официјални извештаи, статистички податоци, известувања за медиумите и истражувања.