Целта на овој проект е

систематизација на мониторинг пристапот на TI и се смета како почетна точка во спроведувањето на перманентниот антикорупциски мониторинг систем во претпристапниот процес во ЕУ. Со цел да се обрне внимание на проблемите, Транспарентност – Нулта корупција во соработка со Transparency International ќе дојде до крајниот резултат од она што е:

“Максимизирање на влијанието во претпристапниот процес во ЕУ во борбата против корупцијата“

Процесот

ќе биде раководен од експерти во Секретаријатот на Transparency International во Берлин и експерти од Словенија (Анти – Корупциската Комисија) и Норвешка ( Tранспарентност Норвешка) како и земји со високо институционално искуство во интегрирањето и системите на доброто владеење. Примарните целни групи на проектот се владините и здружените институции. Втората целна група се оние граѓански организации кој што можат да помогнат со промовирање и кој што имаат интерес во борбата против корупцијата во пристапувањето кон ЕУ.

Ќе има 5 главни групи на активности:

  • Развивање на индикатори за антикорупциски мониторинг;
  • Мониторинг на антикорупциското работење во владите кои се во претпристапниот процес;
  • Подигање на свеста за корупцијата како сериозен криминален злостор;
  • Воспоставување соработка помеѓу антикорупциски организации на граѓанското општество;
  • Поттикнување на поголемо учество на граѓаните во борбата против корупцијата.