Главната цел на проектот е

да се подржи воспоставувањето на поусогласено законодавство и регулаторни механизми, но и јасни процедури за одржување на фер и демократски избори во иднина, како и транспарентност на достапните фондови и донации за изборните трошоци.

Подобрени процеси и интер-етнички дијалог, промоција на меѓународните стандарди за човекови права поврзани со изборите и принципите на доброто владеење треба да бидат главните столбови за проектните активности.

Од проектот се очекува да ги постигне следниве резултати:

  • да иницира експертска анализа во врска со изборниот процес во целина
  • да ги идентификува недостатоците и да предложи амандмани за законот
  • да иницира јавна дебата во врска со утврдените проблеми и предлог решенија
  • да иницира изготвување на амандмани во Изборниот законик и предлози за нови закони
  • да иницира усвојување на нови амандмани и закони.