За проектот

Коалицијата „Сите за правично судење“ и „Нулта корупција“ спроведуваат интензивни проктни активности со цел идентификување на коруптивни кривични дела, изготвување на брошура и јавна презентација на добиените податоци. Сериозноста на проблемот со корупцијата и зголемувањето на бројот на кривични гонења поврзани со корупција создава потреба од процена на коруптивните случаи и воспоставување на поблиска терминолошка дефиниција за истите. 

Основните цели на овој проект се:

  • Мониторинг на криминалните случаи поврзани со корупција;
  • Зацврстување на соработката помеѓу јавното обвинителство, судовите, Државната комисија за спречување на корупција и сите релевантни иституции кои за своја цел ја поставуваат борбата со корупцијата;
  • Собирање на емпириска граѓа која која ќе служи како база за понатамошен мониторинг во криминалните случаи поврзани со корупција;
  • Подигање на нивото на јавната свест за потребата кривично гонење на сите инволвирани во случаи со корупција.

Подобрување на корпоративното управување за „0“ толеранција на корупцијата

Проектот се спроведуваше во соработка со стопанските комори во РМ. Неговата цел е да се имплементираат превземените обврски со Декларацијата со што би се подобрило корпоративното работење и би се поттикнала борбата против корупцијата во рамки на приватниот сектор. Крајната цел е да произлезе Етички кодекс кои ќе биде одобрен и усвоен од приватниот сектор кои во услови на глобализација продонесува за побрз развој на бизнисот, но и за одржување на минимум етички стандарди.