За проектот

Транспаренси Интернешнл – Македонија во соработка со Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) го имплементира проектот “Промовирање на транспарентност и отчетност во јавните институции”, кој е подржан од ОБСЕ мисијата во Скопје.

Основна цел на проекот e да промовира транспарентност и отчетност во јавните институции преку активности за јакнење на капацитетите на државните институции и подигање на свeста на граѓаните во однос на анти-корупциските иницијативи.

Проектот ќе вклучува три меѓусебно поврзани компоненти:

  • развој на методологија за квалитативна проценка на имплементација на Државната програма за превенција и репресија од корупција 2011 – 2015 во секторот образование и спорт,
  • спроведување на тематско истражувања за перцепциите на граѓаните на проблемот со корупцијата во три сектори на државната програма: образование и спорт, медиуми и граѓанско општество и јавна администрација,
  • зајакнување на капацитетите на ДКСК.

Резултати

Резултатите на трите компоненти ќе се користат како основа за подигнување на свеста кај граѓаните, застапување и јавни дебати. На тематски извештаи кои се однесуваат на активностите утврдени во Државната програма ќе вклучаат препораки упатени кон клучните јавни институции, одговорни за преземање мерки за спречување на корупцијата, како и на ДКСК. Извештаите ќе бидат доставени до ДКСК за натамошно користење и обработка.