За проектот

Цел на проектот е да се презентира или обелодени реална ситуација за работењето на државните институции во борбата против корупцијата.

Реализација:

  • Еднаш месечно ќе се одржуваат прес конференции на кои ќе се презентира специфичен антикорупциски случај;
  • Транспаренси Интернешнл – Македонија ќе ги искористи сите инструменти кои и се на располагање со цел да ги покрие сите последици кои настанале од антикорупциските случаи. Активностите ќе вклучуваат, но нема да бидат лимитрани на: идентификување на правни и додатни правни лекови, комуникација со надлежните органи и институции, прибирање информации и информирање на јавноста за одвивањето на случајот и други активности. Јавноста ќе биде редовно известена за активностите кои се преземаат и резултатите од истите;
  • Електронски билтен, кој што ќе содржи анализи на различни антикорупциски случаи и процедури кој што ќе го подобрат капацитетот на институциите и ќе ја зајакнат судската практика. Ќе се изработува на секој три месеца и ќе биде доставен до целните институции. Печатена публикација која што ќе ги содржи сите анализи ќе биде објавена на крајот од проектот.