За проектот
Коалицијата „Сите за правично судење“ и „Транспарентност – Нулта корупција“ спроведуваат интензивни проктни активности со цел идентификување на коруптивни кривични дела, изготвување на брошура и јавна презентација на добиените податоци. Сериозноста на проблемот со корупцијата и зголемувањето на бројот на кривични гонења поврзани со корупција создава потреба од процена на коруптивните случаи и воспоставување на поблиска терминолошка дефиниција за истите.
Основните цели на овој проект се:
- Мониторинг на криминалните случаи поврзани со корупција;
- Зацврстување на соработката помеѓу јавното обвинителство, судовите, Државната комисија за спречување на корупција и сите релевантни иституции кои за своја цел ја поставуваат борбата со корупцијата;
- Собирање на емпириска граѓа која која ќе служи како база за понатамошен мониторинг во криминалните случаи поврзани со корупција;
- Подигање на нивото на јавната свест за потребата кривично гонење на сите инволвирани во случаи со корупција.