- Контролор за лични податоци
Транспаренси Интернешнл -Македонија (ТИ-Македонија)
Седиште: Наум Наумовски Борче бр.58, П.Ф. 270 1000 Скопје
e-mail: info@transparency.mk
- Офицер за заштита на лични податоци
Викторија Милеска Цветаноска
Телефонски број +389 2 3217000
e-mail: info@transparency.mk
- Информации за правата на субјектот на лични податоци
На нашата веб страна можете електронски да пријавувате облици на корупција во било кое време, брзо и едноставно преку типизиран е-формулар. Пополнетите и испратени пријави автоматски се примаат до нас, а анонимноста и дискрецијата на корисниците се обезбедува во целост.
Личните податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страна се оние кои Вие доброволно ги доставувате за остварување на конкретни цели како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања.
Категории на лични податоци кои може да ги прибавиме: име и презиме, адреса, контакт телефон, емаил. Постои веројатност дека во Годишните извештаи на ТИ-Македонија наведување на статистички податоци за бројот на примени пријави, но истите се во форма во која не се открива ничиј идентитет.
- Остварување на заштитата на лични податоци
Вработените во Транспаренси Интернешнл Македонија кои вршат обработка на лични податоци имаат обврска да ги почитуваат начелата за заштита на личните податоции и тоа:
► Законит и транспарентен начин на заштита на лични податоци, односно податоците се собираат и обработуваат согласно, закон, договор и легитимен интерес. Обработката на личните податоци се води транспарентно и субјектите на личните податоци се информирани за истото;
► Личните податоци се обработуваат за конкретни, јасни и утврдени цели согласно закон и Правилник за безбедност на обработка на личните податоци;
► Обработката на личните податоци е ограничена само на оние податоци кои се неопходни за да се исполни целта на обработката. Доколку се појави потреба за дополнителна обработка на податоците, ТИ-Македонија има обврска да го информира субјектот на лични податоци и онаму каде што е неопходно да побара негова согласност за таа дополнителна обработка;
► ТИ-Македонија спроведува мерки за точни, целосни и по потреба ажурирани податоци при што ќе се избришат или коригираат податоците што се неточни или нецелосни;
► Личните податоци се чуваат согласно роковите утврдени со закон, како и роковите утврдени со интерните акти на ТИ-МАкедонија, а по истекување на роковите или по исполнување на целта за обработката, личните податоци се бришат;
► ТИ-Македонија презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен на лицата на кои им е издадено овластување за обработка на лични податоци;
► ТИ-Македонија ги има преземено сите мерки за спроведување на начелата во пракса и ги има исполнето законските барања.
- Права на субјектот на лични податоци
► Да биде информиран за идентитетот на контролорот;
► Да оствари увид во збирката на лични податоци;
► Да знае кои лични податоци се чуваат за него;
► Да ги знае целите на обработка на неговите лични податоци;
► Да ги знае корисниците на податоците;
► Да биде информиран во врска со податоците кои се собираат;
Со цел да ги остварите Вашите права кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци, пополнете го соодветниот образец воприлог подолу.
- Барање за пристап на лични податоци
- Барање за исправка на лични податоци
- Барање за ограничување на обработката на лични податоци
- Барање за бришење на лични податоци
- Приговор против обработка на лични податоци
- Чување и заштита на лични податоци
Личните податоци од страна на ТИ-Македонија се обработуваат во согласно со законот за заштита на лични податоци.
Личните податоци се заштитени од неовластен пристап, откривање, употреба, менување или уништување. Податоците се чуваат во деловните простории на ТИ-Македонија и на сервер во сопственост на здружението.
ТИ-Македонија нема право да ги проследи личните податоци на трети страни на користење, освен ако за тоа има согласност или законска обврска.
Пристап до личните податоци имаат само овластени лица од страна на ТИ-Македонија и тоа до степен за извршување на сопствените работни задачи. Секое овластено лице кое има пристап до лични податоци потпишува Изјава со која се обврзува на тајност и заштита на податоците при нивна обработка.
- Политика за приватност
Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Транспаренси Интернешнл Македонија ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците при посета на нејзината интернет страната www.transparency.mk.
Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената интернет страна и не се однесува за личните податоци што Транспаренси Интернешнл Македонија ги собира од своите корисници на други начини.
Подолу можете да ја прочитате целата Политиката за приватност на личните податоци при посета на интернет страната www.transparency.mk и слободно да се обратите на info@transparency.mk за иформации за остварување на вашите права како и било какви прашања поврзани со обработка на вашите лични податоци и да се повикате на офицерот за заштита на личните податоци.
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци од страна на ТИ-Македонија, не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак сметате дека е повредено некое Ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци.
Политиката за заштита на личните податоци повремено ќе се менува и дополнува, а ТИ-Македонија ќе постави ажурирана верзија на Информацијата за заштита на личните податоци на оваа страница.
Датум на поставување на Информацијата или последна измена: Јануари 2023, Скопје