Вовед
Донациите и други приходи овозможуваат ТИ да се бори против корупција. ТИ мора да обезбеди средства за финасирање неопходни за непречена работа. Сигурни и разновидни средства овозможуваат ТИ да ја одржи својата независнот, заштита на својот углед и ефеикасно работење.
Историјат
Националните ограноци и Секретаријатот (ТИ-С) се финасираат од различни извори: фондации, владини агенции, приватен сектор, поединци, чланарина, приходи од публикации настани и други активности и од фондот за донации. Потпирајќи се на многу извори на приходи тоа и помага на ТИ да ја задржи својата независност. Финансирањето може да биде неограничено или поврзано со конкретни проекти.
Општо земено, националните ограноци и ТИ-С (“тела на ТИ”) сами прибираат финансиски средства. Што се однесува до прибирањето финансиски средства за Секретаријатот, Одделот за односи со донатори води и ги координира активностите за прибирање финансиски средства на ТИ-С. Подкомитетот на Одборот на ТИ, Работната група за прибирање финансиски средства, ги следи и надгледува големите иницијативи за прибирање финансиски средства за движењето. Оваа комисија, исто така, ги советува сите прашања споменати подолу.
ТИ не смее да ризикува да ја загрози својот углед кој го има за чесност, отвореност и интегритет. Угледот би можел да биде компромитиран доколку телото на ТИ добие средства од извори за кои се смета дека спроведуваат активности кои што не се во согласност со мисијата на ТИ.
Политика
Политиката на ТИ е да прифати финансирање паричен или во друг облик, од кој било донатор под услов прифаќањето да не:
- ја нарушува независноста на ТИ да ја извршува својата мисија
- го загрозуваат нејзиниот интегритет и углед.
Поле на делување
Оваа политика се однесува на сите прибирање на средства за сите ТИ тела, независно за кој донатор се работи или кој износ е во прашање: тие се применуваат на сите нови активности околку прибирање на средства од постоечките донатори и на сите нови донатори во иднина. Додека, не се однесува на приходи од продажба на публикацииили надомест за учество на конференции , настани и други активности. Секогаш мора да се превземаат сите потребни мерки како би се заштитил угледот на ТИ.
Насоки
Финасирањата кои овозможуваат функционирање на сите тела на ТИ треба да се бара од широк спектар на извори. При тоа, треба да се води сметка за финансирањето поврзано со проектот да не резултира со непотребно влијание врз програмската работа на ТИ. Телата на ТИ можат да прифатат финансирање од сите видови на извори, како би ја одржале својата независноста и углед.
Секое тело на ТИ треба да ги наброи сите донации над 1.000 евра и јавно да ги објави, вклучително и во Годишниот извештај и на својата веб-страница, како и во случај на ТИ-С. Доколку постои значителен ризик дека примањето средства од одреден извор ќе ја наруши независноста на ТИ или ако јавното поврзување со донаторот го загрозува угледот на ТИ, тогаш финансирањето од тој извор не смее да биде прифатено од тело на ТИ.
Секоја донација на телото на ТИ треба да биде во состојба да се спротивстави на јавното испитување. Независноста на ТИ бара донаторот да биде предмет на истата критика од страна на ТИ како и секоја друга организација или поединец во слична ситуација. Донаторот кој е обвинет дека бил вклучен во корупција не може да очекува никаква заштита од ТИ.
ТИ може да добие финансииски средства од страна на корпорации и донатори од приватниот сектор. Ова не значи никакво одобрување на политиките или евиденцијата на донаторската компанија. Препорачливо е дека потенцијалната донаторска компанија јавно се обврзува на етичките стандарди (како што се Глобалниот договор на ОН, деловните принципи итн.), начелата на работење (the Business principals), a телата на ТИ можат да побараат од корпоративните донатори да потпишат посветеност на интегритетот пред каква било донација од таа компанија да биде прифатена.
Ниту едно тело на ТИ не треба да прифати донација од компанија за која е утврдено дека е поврзана со корупција, освен ако компанијата не докаже дека тоа е повреда на политиките на компанијата, дека кршењето на овие политики не е адресирано на соодветен начин или дека нејзините политики се изменети за да наметнат слична повреда во иднина. ТИ работи со компании кои работат да создадат работно опкружување во кој поткупот не е прифатен.
Одговорност на секој работник или член на на Упарваниот однор на телата на ТИ е да обезбедат да не дојде до загрозување на независноста и угледот на ТИ.
Доколку, било кој работник или член на Управниот одбор на телата на ТИ се посомнева дека постои опасност за независнот или угледот на ТИ поради веќе примените донации, или оние кои треба да бидат прифатени, таа личност мора да се обрати до ракокводното лице или претседателот на Управниот одбор на ТИ телата.
Одобрено од страна на АМММ, 10.10.2004., Наироби, Кенија Ажурирано од страна на АММ, 19.10.2014., Берлин, Германија.