12.01.2007 Неспроведувањата на постапки за јавни набавки, како и несоодветно спроведените постапки создаваат можност за измами, грешки, злоупотреба, корупција и набавки по зголемени цени – сметаат ревизорите
|
Ревизорите имаат забелешка на промена на санитарен чвор без Одлука за јавна набавка. Била спроведена постапка од мала вредност, во вкупен износ од 170 илјади денари, а по обезбедени три понуди избран најповолен понудувач Енерговод – МБД- Скопје без да се донесе одлука за избор. – Неспроведувањата на постапки за јавни набавки, како и несоодветно спроведените постапки создаваат можност за измами, грешки, злоупотреба, корупција и набавки по зголемени цени – сметаат ревизорите. Исто како и скопска Апелација и Скопска двојка нема обезбедено документ за сопственост за објектот и земјиштето во кој е сместен Судот за прекршоци. И тие немаат соодветен акт кој ги регулира прашањата за исплата на плати. Претседателот на Судот нема донесено Решенија за именување на вештаци за постојан или за конкретен случај, а списокот на постојани вештаци не е објавен во Службен весник, под образложение дека неприменливи се членовите од судскиот деловник, односно именување врши судијата за конкретниот случај, а претседателот само евидентира. Ревизорите заклучиле дека во текот на 2005 година, Судот ангажира судски преведувачи кои не се во списокот на постојаните судски преведувачи одобрен од Министерството за правда. Била извршена исплата без фактури на ЈЗО Бардовци за награда на вешти лица врз основа на решение од конкретен судија и трошковник за вештачење. За лекување на лицата кои се во притвор биле евидентирани обврски спрема ЈЗО Бардовци во износ од 1.354 илјади денари, без податок во фактурите за кој судски предмет се работи и дали е донесена пресуда, односно дали трошоците ќе продолжат да се фактурираат на Судот, обвинетиот или на Министерство за правда. Заклучно со месец мај 2005 година бил исплатен износ од 3.264 илјади денари за правосуден паушал инкорпориран во основните плати на судиите, спротивно на Законот . Ревизорите сметаат дека кај Основен суд Скопје 2 – Скопје, не е остварено законско и наменско користење на средствата Извор: Вечер |