16.01.2007 Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе поднесе барања за поведување прекршочни постапки против 12 поранешни функционери. Ова, како што е соопштено, било заклучено на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупција. Комисијата заклучила дека лицата против кои се поднесени барањата за прекршочна постапка го прекршиле членот 33 став 2 од Законот за спречување на корупција, според кој избраните функционери треба да пополнат Анкетен лист за имотната состојба во рок од 30 дена по престанокот на функцијата. ДКСК, меѓу другото, донесе заклучок дека со неподнесувањето на Анкетен лист, се исполнети законските услови до Управата за јавни приходи да достави поодделни барања за поведување постапка за испитување на имотната состојба против истите лица, во согласност со членот 36 став 1 од Законот.
Извор: Макфакс |