26.01.2007 Работата на Антикорупциската комисија во изминатите четири години ја потврди потребата од постоењето на ваков вид независен државен орган. Ова беше заклучено на денешната последна прес конференција што во актуелниот состав ја одржаа првите членовите на Антикорупциската комисија. „Антикорупциската комисија за својот четиригодишен мандат постигнат солидни резултати и реши над 60 насто од пристигнатите предмети, од кои за 23 насто Комисијата покрената иницијатива за казнено гонење“, изјави в.д претседателката на Комисијата, Слаѓана Тасева, која нагласи дека успехот на ова тело „ќе беше далеку поголем, доколку институциите подобро функционираа. |
Во текот на целиод мандат, до Антикорупциската комисија биле доставени 2 445 предмети, кои во најголем дел се однесувале на корумпираноста на државната администрација, локалната самоуправа и правосудните органи. „И во минатата година најголем дел од предметите – 212 беа поднесени поради корупција во судството“, додаде Тасева. Таа откри и дека за некои барања Комисијата „со месеци и години“ не добивала информации, а соработката одреден период затаила и со поранешниот јавен обвинител Александар Прчевски. „Четири години на пример немаме добиени никакви информации за случајот „Окта“, 20 пати угиравме и за случајот „Фершпед“, а се уште немаме добиено одговор и за средствата вложени во владината кампања „100 дена Влада“, појасни Тасева. Не сакајќи да го коментира новиот сотав на Антикорупциската комисија, кој вчера беше предложен во Собранието, Тасева им посака успех на идните членови, кои по добивањето на мандатот ќе треба да постапат по актуелните случувања во кои е пријавена можна корупција.
Извор: Макфакс |