09.02.2007 За осум месеци на бесплатната телефонска линија за пријавување мито и корупција во катастарот имало само 217 јавувања од граѓани. Ова вчера го кажа директорот на Државниот завод за геодетски работи Љупчо Георгиевски, кој рече дека на оваа линија освен корупција луѓето ќе можат за 24 часа да добијат информации до каде е нивниот предмет.
|
Во анкетата што ја направил Државниот завод за геодетски работи, 25 отсто од луѓето кажале дека за услуга чекале повеќе од 90 дена, 70 отсто се пожалиле на неефикасност, 8,9 сметаат дека има корупција во катастарот, а 55 отсто од испитаниците не знаеле кои се надлежностите на инстируцијата. 'Во фаза на оформување е сектор за внатрешна контрола, кој веднаш реагира на секоја пријава од граѓаните. Даден им е налог на службениците да не смеат да работат предмети преку ред, и за ваков прекршок веќе има десетина дисциплински постапки. Се надеваме дека ќе ја зголемиме и ефикасноста, односно оваа година времето на чекање да се намали за 30 дена, а следната на 10 дена", рече Георгиевски. Извор :Вест |