14.02.2007 Двајца инспектори од одделението за економски криминал при СВР Скопје се приведени од страна на Одделението за организиран криминал. Двајцата уште минатата година побарале пари од осигурителната компанија „Сигма осигурување“ за да им завршат работа во врска со случај, во кој две лица се обиделе да ја измамат компанијата со лажно пријавена штета. |
Деновиве, откако приведените инспекторите повторно стапиле во контакт со осигурителната куќа и побарале дополнителни 2000 евра мито, полицијата поставила стапица и еден од инспекторите го фатиле на дело при земањето на парите. Извор: Макфакс |