15.02.2007 Со поедноставување на процедурите за плаќање на даноците и на социјалните придонеси на едно место ќе се зголеми процентот на нивна наплата. Директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски, вели дека наплатата на даноците уште повеќе ќе се зголеми ако администрацијата на даночните обврзници им го олесни начинот на плаќање. Според него, со тоа ќе се мотивираат обврзниците сами да си ги плаќаат даноците, бидејќи во практиката се покажало дека најдобра наплата е доброволната. |
– Некои истражувања укажуваат дека сивата економија во земјата е 30 до 45 проценти од БДП, што говори дека голем дел од средствата завршуваат во рацете на мала група луѓе, наместо за пораст на економијата во земјата – потенцира амбасадорката. Таа вели дека даночно затајување има и во Холандија, но таму процентот на наплата на даноците бил многу поголем. Со проектот, се предвидува УЈП да преземе мерки за откривање и вклучување на оние обврзници, што досега не плаќале даноци. До крајот на јули во Штип ќе се отвори канцеларија за мали и средни претпријатија, кај кои е евидентирано дека имаат проблеми при пополнувањето на даночните пријави.
Извор: Вечер |