23.02.2007 Најмалку 26 полицајци, 9 цариници и тројца угостителски работници се уапсени во акцијата на македонската полиција спроведена на 4 гранични премини денеска. Контролирани биле граничните премини Богородица, Меџитлија, Деве баир и Табановце, а акцијата се уште трае. |
Од МВР на прес конференцијата соопштија дека овие податоци се однесуваат само до 13 часот и не ја исклучуваат можноста бројката на уапсените да биде уште поголема.
Извор: Макфакс |