26.02.2007 Државната изборна комисија ги доби ревизорските извештаи за нерегуларностите во финансиското работење на политичките партии за време на кампањата во пресрет на парламентарните избори. |
-Ако го читате изборниот законик ќе видите дека нашата улога завршува со објавувањето на извештаите и доставувањето до надлежните институции како што се Антикорупциската Комисија, Управата за Јавни Приходи и ДИК. Ние, овие институции ги известивме, но во законот не е пропишано што следува потоа, односно кои се ингеренциите доколку се утврди дека се потрошени повеќе пари од предвидените износи по гласач. Нашата работа е независна и самостојна. Врз работата на ДЗР и врз мене лично не постојат притисоци. Позицијата на нашата институција, во државата е правилно поставена, вели Арсовски. Освен ДЗР, речиси сите релевантни институции се огласија за неправилностите во финансиското работење на партиите. Претходниот состав на Антикорупциската Комисија утврди дека коалициите "За Македонија заедно" и "За Подобра Македонија" за изборната кампања потрошиле 3-4 пати повеќе средства од дозволените 104 милиони денари или 60 денари по гласач. Новите антикорупционери ветија дека финансиското работење на партиите ќе биде еден од приоритетите во нивната работа. УЈП пак вети дека ќе постапува по известувањата од ДЗР.
Извор: Вечер |