22.03.2007 Експерти од Советот на Европа в понеделник ќе дојдат во Македонија за да проверат какви мерки преземаат институциите за да го спречат перењето пари. Уште од сега се најавува дека државата ќе потфрли кај контролата на казината и спроведувањето на законите во практика. |
Во делегацијата се експерти од Бугарија, Латвија, Унгарија, Грузија и Линхештајн. Преку институциите што ќе ги посетат тие ќе донесат заклучок за функционирањето на правниот и политичкиот систем и на органите должни да ги спроведуваат законите.
Извор: Време |