12.04.2007 Предлог Закон за спречување на судир на интереси при вршење на службената должност донесе Владата на својата последна седница одржана синоќа. Ова на денешната прес конференција го соопшти владиниот портпарол Ивица Боцевски, додавајќи дека надлежен орган за спроведување на овој Закон би била Државната комисија за спречување на корупцијата, која ќе превзема и соодветни мерки. Проширена е листата на блиски лица, кои се дефинираат со новиот Закон, како лица со кои вработениот не смее да има иста интересна сфера. Во неа се опфатени сите крвни роднини до четврто колено, сватови до второ колено, како и лице со кое се живее во вонбрачна заедница. Износот на подароци кои смее да ги прими вработено лице е ограничен на 50 евра во службена противвредност, при што забрането е да се примаат книжени пари, хартии од вредност, како и златни кованици, накит и слично. |
Против лицата, кај кои што ќе биде утврдено одредено кршење на Законот ќе бидат покренети следниве мерки: Опомена, Јавна опомена и Постапка за исклучување на од работното место. Портпаролот Боцевски информираше дека Владата усвоила и Национална стратегија за развој на електронските комуникации со информатичко општество, која ќе има мисија да ја приближи Македонија во наредните пет години до земји членки на Европската унија и да придонесе за економски раст.
Извор: Макфакс |