26.04.2007 Државната антикорупциска комисија најави дека ќе поднесе барања за поведување на прекршочни постапки против бројни именувани функционери. Станува збор за вкупно 33 актуелни носители на јавни функции кои го прекршиле Законот за спречување на корупција, со тоа што не го пријавиле својот имот во рок од 30 дена по превземањето на функцијата. |
Меѓу нив има двајца заменици министри, директори на владини агенции и членови на управни одбори. Заклучокот за поведување на прекршочни постапки бил донесен на завчерашната седница на Државната антикорупциска комисија.
Извор: Макфакс |