10.05.2007 Здружението "Нулта- корупција" потпиша меморандум за соработка коалицијата „Сите за правично судење“. Во имплементацијата на проектот „Проценка на потребата за развој на Програмата за набљудување на судските постапки во врска со корупцијата во република Македонија“, двете организации ќе спроведат интензивни проектни активности со цел идентификување на коруптивни кривични дела, изготвување на брошура и јавна презентација на добиените податоци. Како основни приоритети се поставуваат силните заеднички заложби за успешно справување со коруптивните кривични дела во Република Македонија, зацврстувањето на соработката помеѓу Јавното обвинителство, судовите и Државната комисија за спречување на корупција, како и сите релевантни институции чија цел е справување со корупцијата. Една од позначајните цели на овој проект е подигнувањето на нивото на јавната свест за потребата од бескомпромисно и брзо решавање на случаите на корупција.
|
Соработката на двете здруженија во рамките на овој проект ќе ги опфаќа следните принципи:
Основите начела врз кои ќе се базира и гради меѓусебната соработка се транспарентноста и меѓусебната поддршка заради успешна имплементација на целите на овој проект.
|