18.05.2007 Заминувањето на Пол Волфовиц од претседателското место на Светската банка отвора врата за новото раководство на банката и виталните управувачки структури да ја задвижат анти-корупциската стратегија напред. Имплементацијата на стратегијата станува критична доколку банката настојува да ја исполни мисијата за намалување на сиромаштијата.
На 17 април, Транспаренси Интернешнал (ТИ) повика стратегијата да остане врвен институционален приоритет. Нејзината успешна имплементација бара потпора од широк ранг на надворешни и внатрешни чинители, вклучувајќи ги владите и граѓанското општество, чија поддршка се доведе во прашање со кризата. Националните ограноци на ТИ, ширум светот, се загрижени дека на напорите на банката за унапредување на анти-корупциската реформа во нивните земји е нанесена штета и дека е потребна итна акција за да се обнови кредибилитетот на банката. Капацитетот на банката да се заложи, со нив и со другите граѓански организации, зависи од новото, динамично и кредибилно раководство. |
Но стратегијата едноставно е алатка, без цврста одлучност на бордот, претседателот и персоналот во борбата со корупцијта преку нејзините операции, ќе остане безначајана. За да се демонстрира таа одлучност треба да се обезбедат соодветните ресурси, финансиски и човечки, како и тековни консултации со граѓанското општество и политичка воља да се запрат позајмиците кога коруптивните докази испловуваат на површина. Тоа подразбира фокусирање на превенција, придружувано со кредибилна присилна закана.
Улогата на Секторот за институционален интегритет мора да биде засилен и препознаен како есенцијална компонента од анти-корупциската работа на банката.
Селекцијата за изборот на нов претседател од страна на банката, ТИ од блиску ќе го набљудува искуството и одлучноста во борбата со корупцијата на кандидатите, како и тоа дали ја заслужуваат довербата и поддршката од бордот. Нивниот интегритет не смее да биде доведен во прашање. Процесот на селекција мора да биде транспарентен во потполност. Новиот претседател мора да го препознае значењето на борбата против корупцијата во мандатот на банката за намулвање на сиромаштијата и да продолжи да ја задвижува напред.
Одговорноста претставува двонасочна улица. Пол Волфовиц останува одговорен за своите постапки. Обновувањето на кредибилитетот на Светската банка сега зависи од бордот на директори, вклучително и етичкиот комитет, претседателот како и вработените кои мора да ги исполнуваат стандарди за интегритет и одговорност. Банката мора да прати сигнали до сите надворешни и внатрешни чинители дека секој вработен ќе биде одговорен кон овие почитувани стандарди. Мора да понудат докази дека нивните внатрешни процедури ќе бидат ефикасно засилени за превенцијата од повторување на ситуации од овој тип.
Анти-корупциската работа на Светската банка е парализирана, и кризата не завршува со заминувањето на Пол Волфовиц. Неговото заминување мора да биде проследено со интензивни напори за интеграција на борбата против корупцијата во секоја дел од работата на банката. Не може да има нормализација на ситуацијата едноставно бидејќи е решено прашањето со ново водство. |