28.05.2007 Корупцијата го поткопува судскиот систем насекаде низ светот оневозможувајќи им го на граѓаните пристапот до правдата и основното човечко право на правично и непристрасно судење, понекогаш скратување и на самото судење, вели Глобалниот корупциски извештај 2007: Корупцијата во судскиот систем, објавен денеска од Транспаренси Интернешнал, глобалната коалиција против корупција.
„Подеднаков третман пред законот е столб на демократските општества. Кога судовите се корумпирани од лакомост или политичка целисходност , вагите на правдата се искосуваат а обичните луѓе страдаат“- вели Хјуџет Лабел- претседател на Транспаренси Интернешнал. „Судската корупција подразбира дека гласот на невините минува неслушнат, а виновните поминуваат неказнето“.
Во новиот Глобален корупциски извештај се заклучува дека корумпираното судство ја разјадува општествената способност да го процесуира трансинтернационалниот криминал и го инхибира пристапот до правдата и надокнадувањето за прекршување на човековите права. Го поткопува економскиот развој со оштетување на довербата на инвестиционата заедница и ги попречува напорите за редуцирање на сиромаштијата. |
Кога судовите се корумпирани, обичните луѓе страдаат
Судската корупција обично потпаѓа во две категории: политичко мешање во судските процеси во легистлативата или извршната власт и поткупувањето. Важноста на независно судство не смее да биде потценето. Сите губат кога судството е корумпирано, посебно сиромашните, кои се принудени да плаќаат мито за кое немаат пари. Последното глобално истражување на ТИ за ставовите кон корупцијата открива дека во повеќе од 25 земји барем едно од десет домаќинства мора да плати мито за да стигне до правдата. Во други 20 земји, три од десет семејства пријавиле дека митото било вмешано во обезбедување пристап до правдата или „правичен“ исход при судењето. Во Албанија, Грција, Индонезија, Мексико, Молдавија, Мароко, Перу, Тајван и Венецуела бројката е уште поголема.
Ситното подмитување и политичкото влијание во судството ја разјадува социјалната кохезија: еден систем за богатите, а друг за сиромашните ја крши заедницата. „Ако парите и влијанието се основата за правда, сиромашните не можат да се натпреваруваат“, рече Акере Муна, Потпретседател на ТИ и претсдател на Пан Африканската Унија на Адвокати. “Поткупувањето не само што ја прави правдата недостапна , го уништува капацитетот на правниот систем да се бори со корупцијата и да служи како светилник на независнот и одговорност“.
Според истражување од 2002 година, 96 проценти од анкетираните во Пакистан кои имале контакт со адвокатските судови се судриле со коруптивна практика, додека во Русија се проценува сума од 210 американски долари како мито потросено за судски процеси годишно.
Искосување на вагата на правдата
Корупцијата во судството вклучува секакво непримерно влијание на објективноста во судската постапка и пресудата и може да се зголеми на подмитување на судиите за посакувани пресуди или недонесување на пресуди воопшто. Судската корупција вклучува злоупотреба на судските фондови и моќ, како на пример кога судија вработува членови од семејството како судски персонал или манипулативни договори за судски изградби или опрема. Исто така може да се изрази преку основни судски распределби и други пред- судски процедури како што се кога судски чиновник „ги губи“ досиеата или доказите. Може да се влијае на секое судење или или судски договор за присилување – или не- на судска пресуда или казна.
Глобалниот корупциски извештај 2007 открива дека и покрај декади на реформи за заштита на судската независност, притисокот да се пресуди во корист на политичкиот интерес останува интензивен. Иако многу судии ширум светот навистина работат со интегритет, сепак проблемите остануваат. Разјадувањето на интернационалните стандарди е евидентно во земји како Аргентина и Русија, каде што политичката моќ го зголемува нивното влијаните врз судските процеси во изминатите години.
А за судиите кои одбиваат да бидат компромитирани, политичката одмазда знае да биде брза и сурова. Неправични или неефикасни процедури за дисциплинирање или отстранување на корумпирани судии можат да завршат со искористување наместо за отстранувањето на независните судии. Во Алжир судиите кои се сметаат за премногу независни се префрлани во далечни локации. Во Кенија како дел од анти- корупциската кампања која што беше широко согледана како политичка целисходност, судиите беа притискани да забават без да им се кажат обвинувањата против нив.
Неуспехот да се назначат судски службеници врз база на заслуга може да доведе до селективнa еластичност и коруптивно судство. „Проблематичните “ судии можат да бидат реименувани, или чувствителни предмети да се предадат на еластични судии, тактика користена од поранешниот претседател на Перу, Алберто Фуџимори.
Мешањето од страна на политичари или државни службеници исто така може да биде основа за проневера, непотизам, кронизам и нелегални политички одлуки. Таквото мешање може да биде бесрамно како и физичките закани и заплашување и сто суптилно како и манипулацијата на судските состаноци, плати и услови за услуги.
Подмитувањето, другата темна закана за судскиот систем , може да се појави низ структурата на судскиот процес. Како што се покажа во 32 земји во Глобалниот корупциски извештај, судиите примаат мито за да одложат или забрзаат случаи, прифатат или одбијат жалби, да влијаат врз други судии или едноставно да одлучат на одреден начин. Судските службеници можат да бараат мито за услуги кои треба да се бесплатни , адвокатите можат да наплатуваат дополнителни „такси“ за да го забрзаат или забават случајот, или да ги насочат клиентите кај судии за кои е познато дека примаат мито. Фактори кои влијаат врз чувствителноста на судијата ги вклучуваат но не се ограничени ниските плати, несигурни услови за работа, неправична промоција и трансферирање на процеси, недостиг од континуиран тренинг, а сето тоа го прави судскиот персонал подложен на подмитување.
Нетранспарентен судски процес којшто ја негува корупцијата може да спречи медиумите и граѓанското друштво да ја набљудува судската активност и подложноста на корупција.
Решенија: независнот, отвореност, адекватни средства, одговорност
Не постои едно решение кое ефективно ќе ги реши овие проблеми. Но склоп од понудени решенија и холистички пристап.
Глобалниот корупциски извештај 2007 понудува детални препораки да се промовира судската независност и одговорност, да се охрабри личниот интегритет, поефективна примена на правото и осигурување на судството од политичко влијание. Судските и обвинителските назначувања и зазрешувања мора да бидат транспарентни, независни од извршната и легистлативната власт и базирани на искуство и работење. Новинарите мора да бидат слободни да ги набљудуваат и коментираат законските процедури, да известуваат веродостојни законски информации, предложени измени во легистлативата, судски процедури и пресуди до јавноста.
Улогата на граѓанското општество е императив. Со мониторингот на изборот на судии, судски кодекси на однесување и дисциплинирањето на судиите, како судиите се справуваат со случаите и како донесуваат одлукиграѓанското општество може да алармира за системските слабости кои провоцираат корупција и да забележат за владата дека тие ќе бидат повикани да одговараат за подобрување на нивните анти- корупциски обврски. Транспаренси Интернешнал нуди детални препораки за зацврстување на судската независност и борба против судската корупција, вклучително:
Судски назначувања
Термини и услови 4. Судските плати треба да рефлектираат искуство, работа, и професионален развој, правични пензии треба да бидат предвидени по пензионирањето. 5. Треба да биде воспоставена заштита за обезбедување на плати и услови за работа против влијанието од извршната и легистлатурната власт. 6. Судските трансфери треба да бидат базирани на објективен критериум за да се заштитат независните и непристрасни судии.
Одговорност и дисциплина 7. Судиите треба да имаат ограничен имунитет за активности поврзани со судски должности. 8. Исказите против судии треба да бидат ригорозно истражени од независно тело. 9. Процесот на одстранување треба да биде транспарентен и правичен, со јасни и концизни стандарди, ако постои наод за корупција, судијата треба да биде подложен на обвинение.
Транспарентност 10. Судството треба да обезбеди јавност преку веродостојни информации околу активностите и трошењето. 11. Потребен е пристап до информации за законите, предложени промени во легистлативата, судски процедури, пресуди, судски слободни места, и назначувања. 12. Обвинителството мора да води судски постапки во јавнос и да ги објавува причините за одлуките.
Дополнителни препораки можат да се најдат во Глобалниот корупциски извештај 2007
ТИ работи на сузбивање на судската корупција Глобалниот корупциски извештај 2007 исто така ги потенцира нивоата на националните напори на поглавјата на Транспаренси интернешнал во сузбивањето на корупцијата..
„Корупцијата во судството е централен фокус на анти- корупциските глобални напори заради силното и разјадувачкото влијание корумпираното судството може да влијае на владеењето на правото и на општеството во целина. Успехот во нападот на судската корупција ќе ја подигне довербата на граѓаните и националните напори за постигнување на транспарентност и одговорност,“ рече Цобус де Свардит, привремениот раководен директор на ТИ.
Работата на Транспаренси Интернешнал во борбата против корупцијата во судскиот систем е различна:
* Мониторинг на присуството на судиите и нивните пресуди * По мош во скенирањето на кандидатите за судии, транспарентно и наименување засновано на заслуги * Понуда на бесплатни законски совети на жртвите од корупција низ 16 адвокатски центри во 12 земји
Во својата работа против политичко мешање и поткуп во судството ТИ се потпира на многу сојузници во судскиот систем кои се обврзани на заедничките цели за транспарентност и еднаква правда пред законот. |