29.05.2007 Стечајните постапки во Македонија траат предолго, се обесштетуваат и фиктивни доверители, со години се раскрчмува имотот, многу фабрики сосема се обезвреднија. Ограбени останаа фирмите од кои печалеа само поединци. Има низа примери на компании што отишле во стечај и покрај тоа што немало потреба за тоа. Бесконечно долги и тешки за работниците, македонските стечаи во просек траат по нешто помалку од пет години. Скопските „Газела“ и „Центро“, но и уште неколку стотици фирми, се сведоци на стечајни постапки долги по една деценија. |
Министерката за економија Вера Рафајловска, на доделувањето на потврдите за посетување курсеви на 50 стечајни управници им порача да работат поефикасно. Досега, единствено бившиот стечаен управник на повеќе фирми во Македонија Владислав Тамбурковски доби ефективна затворска казна. Тамбурковски во последните десетина години беше стечаен управник во повеќе пропаднати македонски претпријатија. Беше ангажиран за стечајот на Експорт-импорт банка, а ги водеше контроверзните стечаи во Газела, во ФАС, во велешката топилница. Извор : Време
|