21.06.2007 Годишно, по основ на барања за надомест на штета од лица кои биле неосновано или незаконито лишени од слобода, или неоправдано осудени, од сметката на Министерството за правда се одлеваат по околу 350.000 евра. Како најголеми виновници се посочуваат истражните судии, кои како од ракав изрекуваат мерки притвор и кога треба и кога не треба, но и на се поголемиот број случаи на повлечени обвиненија од страна на обвинителите во судските процеси. |
"Не е ли симптоматично што одамна ниту еден истражен судија не одредил мерка притвор под 30 дена? Некому не му е тешко да одлежи еден месец во затвор, па потоа да тргне по судови, да добие обештетување и да подели со тие што го ставиле таму", размислуваат експертите. Во Министерството за правда велат дека Судскиот совет на Македонија треба да изврши темелна ревизија на сомнителните мерки притвор, да види дали се тие основани, поткрепени со докази, дали биле неопходни, зошто сите се по 30 дена, да направи листа на судии кои најчесто ја применуваат мерката притвор.
Извор : Вест |