27.06.2007 Транспаренси Интернешнал (ТИ) денес го поздрави критичкиот тон на извештајот на Европската комисија за остварувањето на во борбата со корупција и организираниот криминал во Романија и Бугарија. Водечката анти- корупциска организација исто така ја повика комисијата да воспостави постојан механизам за мониторинг за сите членки, за да се осигура еднаква обврзаност во целата Унија.
„Европска Унија која што функционира мора да биде ослободена од корупција“- рече Миклош Маршал, регионален директор на Транспаренси Интернешнал за Европа и Централна Азија. „Борбата против корупција во Романија и Бугарија е прашање на интегритет на целата Европска Униј. Тоа е критично.“
„Сурова иронија е тоа што Европската Унија има максимална сила по прашањата за корупција пред проширувањето“- рече службеникот за политиката на ЕУ во Транспаренси Интернешнал Рун Расмусен. „Но кога веќе земјите се во Унијата, кадешто парите, добрата, луѓето и проблемите- можат да се движат слободно , влијанитео паѓа скоро на нула. Ова мора да се измени.“ |
И покрај посочениот напредок и добрите намери, извештајот особено посочува кон недостатоците во судскиот третман во случаи со корупција, како и истоветни наоди на националните ограноци на ТИ во двете земји.
Комисијата може да притиска за одредени закони и институции, но суштински, борбата против корупција е национална обврска. Националните медиуми и грашанското општество кора да го одржуваат притисокот и да ги држат владите за ветувањата дадени пред и по проширувањето.
Но, постојните членки, стари или нови кои што се уште, години по проширувањето, стојат слабо со корупциските индикатори како што е корпцискиот индекс на перцепција на ТИ, ја покажуваат потребата за построги и пораспространети контролни мерки на ЕУ.
Транспаренси Интернешнал ја охрабрува Европската комисија да воспостави постојан анти- корупциски механизам за мониторинг за да се одржи притисокот онаму каде што националните притисоци не се доволни. Треба да има извештаи исто такви како оние објавени денес за сите држави членки за да се осигура Европска Унија ослободена од корупција.
За успешеност уште од почеток Транспаренси Интернешнал ја охрабрува Европската Комисија уште повеќе да го отвори процесот на проширување кон грашанските општества што ќе биде веднаш релевантно за Хрватска. Ова ќе овозможи поелементарен и потранспарентен процес на проширување но исто така ќе им даде посилна оснона на граѓанските групи да ги држат владите на одговорност за време и по проширувањето. |